Спорт

Две финалиња за Македонија: Андонов и Николов ќе се борат за злато на Светското во кикбок

Македонските кикбоксери продолжуваат со одлични настапи на Светското првенство во Лидо ди Језоло, Италија, со обезбедени финалиња и нови медали за нашата репрезентација.

Томи Андонов забележа победа во полуфиналната борба и обезбеди пласман во големото финале, каде ќе се бори за златниот медал.

Успешен настап имаше и Глигор Николов, кој исто така славеше победа и обезбеди место во финалето. Македонскиот репрезентативец сега го очекува последната борба на патот кон светското злато.

Петар Лозановски го заврши настапот во полуфиналето. И покрај поразот, тој го освои бронзениот медал и донесе уште едно одличје за Македонија.

Победа забележа и Драгица Глигорова во дисциплината кик лајт. Со пласманот во полуфиналето таа веќе има обезбедено најмалку бронзен медал, а во следната борба ќе се обиде да стигне до финалето.

Македонската репрезентација така продолжува со успешните настапи на шампионатот, со две обезбедени финалиња и нови медали во колекцијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons