ГИ ТЕПАЛЕ И ГИ ТЕРАЛЕ ДА ЈА ПЕАТ РУСКАТА ХИМНА: Украинските деца кои се вратија дома раскажаа што им се случувало 

Украинските деца кои руските сили ги заробија, а сега се вратени во Украина, раскажаа потресни работи. 

Русите на Крим однеле 17 млади луѓе на кои им кажале дека нивните семејства ги напуштиле. Хуманитарна организација вчера ја врати првата група киднапирани деца во нивните домови, каде што раскажаа како Русите ги тепале со метални прачки доколку изразат поддршка за Киев. Минатата недела Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин, обвинувајќи го за воени злосторства поради присилната депортација на повеќе од 16.000 украински деца.

Ги терале да ја пеат руската химна, а на еден тинејџер му се заканувале дека ќе го однесат во Псков, руски град во близина на границата со Естонија, 500 милји северно од Киев. Им кажувале дека тие се „деца на Русија“. 

Хрватска најави дека ако Путин дојде на нивно тло, полицијата ќе го уапси. 

Ист став има и Ерменија, земја која претходно имаше добри односи со Русија. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons