Гулијев: Скопје ќе го преземе претседавањето со ОБСЕ 

Северна Македонија ќе го преземе претседавањето со ОБСЕ во најпредизвикувачки момент со кој се соочува организацијата во поновата историја.

Всушност, мислам дека треба да се вратиме назад во времето на распадот на Југославија и конфликтите поврзани со тоа кои го распарчија регионот за да можеме да најдеме криза којашто би можела да се спореди со таа со којашто се соочуваме денеска со војната во Украина и тензиите Исток-Запад кои се доведени до точка на вриење, вели во интервју за МИА Азај Гулијев, потпретседател на Парламентарното Собрание на ОБСЕ и специјален претставник за Југоисточна Европа.

Гулијев неодамна беше во посета на Скопје, имаше средби со претставници на државниот врз, со лидери на политички партии, а земјава ја посети во екот на подготовките на претстојното претседавање со ОБСЕ, кое стартува следната година.

Во интервјуто за МИА вели дека за да биде успешно претседавањето со ОБСЕ во 2023, Северна Македонија ќе мора да најде начин и да ги постави приоритетите кои ќе вклучуваат остварливи цели во сите три димензии на безбедноста.

-Тоа значи поставување на цели во политичко-воената димензија, како и за економско-еколошката и човековата димензија и фокусирање на испорачување на некои успешни приказни кои ќе ги потврдат вредностите на ОБСЕ и трајната релевантност на мултилатерализмот, нагласи Гулијев.

Во врска со актуелните случувања во светот, како војната во Украина и можноста да се прелее во други региони, тој вели дека оваа војна нè потсетува дека е потребна постојана будност со цел да се спречи прелевање на тензиите во насилство и дека нерешените прашања мора да се решат, подобро порано отколку подоцна.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons