Спорт

Вардар аплицира за место во ЛШ, одлуката паѓа во наредните денови

Македонскиот шампион Вардар е меѓу клубовите кои аплицираа за специјална покана за настап во Лигата на шампионите за сезоната 2026/27.

За учество во елитното натпреварување се пријавени вкупно 27 екипи, а новата сезона ќе се игра во проширен формат со 24 клуба распределени во шест групи.

Покрај Вардар, за вајлд-карта аплицираа и Целје, Партизан, Криенс-Луцерн, Валур и Кристијанштад, како и уште десет клуба од земјите кои веќе имаат загарантирани места.

Конечната одлука за учесниците ќе биде донесена на 22 јуни, додека ждрепката за групната фаза е закажана четири дена подоцна во Виена. Вардар се надева дека повторно ќе добие место во најсилното европско клупско натпреварување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons