Ѓорческа тргна со победа во Истанбул
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, успешно ја мина првата пречка на ИТФ турнирот во Истанбул, таа со 2-1 во сетови ја совлада домашната натпреварувачка Берфу Ченгиз.
Ѓорческа лошо го почна мечот, го загуби првиот сет со 3-6, но следните два ги доби со 7-6 и 6-4 и дојде до посакуваниот триумф.
Ова беше втора победа за Ѓорческа во третиот меѓусебен дуел протв Ченгиз.
Во следното коло македонската тенисерка ќе игра против Ралука Шербан од Кипар, која денеска победи против Екатерина Тупицина со 2-0 во сетови (6-3 6-4). Ова ќе биде нивни осми меѓусебен меч, а скорот е 4-3 во победи за Ѓорческа.
Турнирот во Истанбул се игра за награден фонд од 40.000 американски долари.



