Спорт

Ташовски: Да го победиме Кипар и да ја израдуваме македонската публика

Кошаркарската репрезентација на Македонија во четврток со почеток од 18 часот го пречекува Кипар во второто коло од вториот претквалификациски циклус за пласман на Евробаскетот 2029.

Виктор Ташовски очекува сигурна победа на македонската репрезентација во четврток.

„Целта ни е да победиме. Сметам дека сме поквалитетна репрезентација од Кипар, но тоа треба да го докажеме. Се надевам на полна сала и да ја претставиме Македонија во најдобро светло“, вели Ташовски.

Тој потенцира дека Кипар е добар тим, но не смета дека е доволно добар за да ја изненади Македонија.

„Со оглед на тоа што победија против селекцијата на Австрија, се работи за добар тим. Имаат нова репрезентација, но не очекувам изненадување на овој натпревар во Скопје“, рече македонскиот репрезентативец.

Македонија, пак, во првиот натпревар од циклусот одигра убедливо против Австрија (91:59). Оттогаш околностите се поинакви, бидејќи репрезентативците сега се во многу подобар натпреварувачки ритам, што отвора простор за уште поквалитетно издание.

„Секако, да. Сега сите сме во тренажен процес. Се надевам дека ќе бидеме комплетни и ќе извојуваме победа со што поголема разлика, на радост на македонската публика“, порачува Ташовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons