Наставничка физички нападната од мајка на ученик за време на родителска
Инцидент во училиште во скопски Аеродром. Мајка на ученик нападнала наставничка за време на родителска средба.
– На 15.04.2026 во 22:10 часот во СВР Скопје, К.К.Л. од Скопје пријави дека околу 17:00 часот во училница во основно училиште на подрачјето на општина Аеродром, додека заедно со нејзина колешка одржувале родителска средба, М.М.Г. од Скопје (мајка на ученик) физички ја нападнала К.К.Л., информираа од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



