Македонскиот куглар Урош Стоклас постави нов Гинисов рекорд по 25 часа непрекинато куглање
Македонскиот репрезентативец Урош Стоклас постави нов Гинисов рекорд со неверојатен подвиг, 25 часа непрекинато куглање, речиси 3.200 фрлени кугли и повеќе од 15.000 срушени кегли.
Успешна мисија и нов гинисов рекорд за македонскиот кугларски репрезентативец Урош Стоклас.
– Натчовечки напори и 25 часа непрекинато куглање, речиси 3200 фрлени кугли, срушени над 15.000 кегли, 26 цели серии по 120 кугли и просек од 615! Чест е да се биде сведок на ваков подвиг на врвен спортист од планетарен ранг, посебно што е наш репрезентативец и наш спортски амбасадор! – објави Кугларската федерација на Македонија.
Подвигот Стоклас го почна во текот на вчерашниот ден во „Kuglana Gradiška“ во Словенија, неговата родна земја. Урош го го сруши сопствениот рекорд.



