Ферибот со 279 патници се преврте во близина на Северен Кипар
Ферибот кој пловел од Киренија кон турското пристаниште Ташугу се превртел во близина на Северен Кипар. Во спасувачката операција се вклучени бродови на крајбрежната стража и приватни чамци.
Патнички ферибот со 279 патници и членови на екипажот денеска се преврти во близина на Северен Кипар, јавија турските медиуми.
Траектот пловел од пристаништето Киренија, познато и како Гирне, до турското пристаниште Ташугу во покраината Мерсин.
По инцидентот, мобилизирани се три брода на крајбрежната стража и три приватни чамци, а на брегот пристигнаа амбулантни возила.
Градоначалникот на Гирне, Мурат Сенкул изјави дека се спасени 159 од 258 патници на траектот.
Но, сè уште нема информации за бројката на повредени лица.



