МакедонијаНајново

Ќе има ли нов ценовен шок по одмрзнувањето на цените? 

Граѓаните со недоверба гледаат на владината мерка за одмрзнување на цените. Очекуваат покачувања и покрај уверувањата дека ценовни скокови нема да има. Досегашното замрзнување на цените велат дека позитвно се одразило врз нивниот буџет.

Министерот за економија Бектеши ветува дека инспекции веднаш ќе излезат на терен доколку се регистрира вештачко зголемување на цените. Дури најавува и намалување на цените на некои производи.  

– Ако одредена компанија, и ова јавно го кажувам, одреден сектор вештачки се обиде да ги зголеми цените се знае дека институциите ќе влезат во функција и тоа нема да биде дозволено. Јас сум имал разговори, повеќето од разговорите ги направиле моите служби или мојот тим каде што тие кажале дека во спротивно за одредени производи би можело да има и намалување, кажа Бектеши.

Од денеска престанува да важи владината одлука со која беа замрзнати цените на некои земјоделски производи, белиот и полубелиот леб, брашното, маслото за јадење, јајцата, оризот, тестенините, млекото и млечните производи. Се „одмрзнуваат“ и цените на пелените, тоалетната хартија, влажните марамчиња и хигиенските влошки. Првата одлука за замрзнување на цените беше донесена на 28 февруари кога се замрзна цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари, а потоа на 16 март Владата донесе одлука да се замрзнат и цените на дел од тестенините и млечните производи. На 21 март стапи во сила и одлуката за замрзнување на цените на оризот и јајцата, додека на 5 април беа замрзнати цените и на 11-те видови овошје и зеленчук. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons