Јован Стојкоски постави нов национален рекорд
Македонскиот атлетичар, Јован Стојкоски постави државен рекорд во дисциплината 400 метри со пречки.
Стојкоски рекордот го постави на балканското првенство кое се одржува во Волос, Грција.
Македонскиот атлетичар делницата од 400 метри со пречки ја истрча за време од 51.78 секунди.



