Спорт

Ѓорческа направи огромен скок на ВТА ранг листата

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа изминатава недела го освои турнирот во Романија, нејзин 15. во кариерата, а тоа и донесе и голем напредок на ВТА ранг листата.

Ѓорческа има скок од дури 43 позиции, македонската тенисерка сега е на 239. местот на ВТА табелата.

Лина годината ја почна од 286. место. Најдобриот пласман во кариерата ѝ е 170. место во 2017 година.

Убедливо на врвот е Арина Сабаленка, зад неа во топ десет се Ига Швјонтек, Коко Гоф, Аманда Анисимова, Мира Андреева, Медисон Кис, Џесика Пегула, Јасмин Паолини, Кинвен Женг и Елена Рибакина.

Кај мажите на врвот по две години се врати Карлос Алкараз, зад него во топ десет се Јаник Синер, Александер Зверев, Новак Ѓоковиќ, Тејлор Фриц, Бен Шелтон, Џек Драјпер, Алекс де Минор, Лоренцо Мусети и Карен Качанов.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons