Ѓорческа експресно ја мина втората пречка во Куршумлијска Бања
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа имаше фуриозен настап против Русинката Анастасија Золотарева победувајќи ја со 2-0 (6-0, 6-3).
Ѓорческа која игра во одлична форма, без проблем се справи со втората пречка на турнирот во Куршумлијска Бања, Србија и се пласираше во четвртфиналето.
Првиот сет го доби перфектно, без загубен гем. Одлична беше и во вториот сет, со таа разлика што овојпат противничката се израдува на три гема.
Ѓорческа е втора носителка на овој турнир, првата носителка беше елиминирана во првото коло, а тоа значи дека сега Македонката на хартија е најголема фаворитка за освојување на трофејот.