Ѓоковиќ ќе игра на турнирот во Доха
Новак Ѓоковиќ за прв пат од 2019 година ќе игра на турнирот во Доха, кој од следната сезона ќе биде категоризиран како АТП 500.
Во ноември, Ѓоковиќ стана амбасадор на „Катар ервејс“, една од целите на соработката беше да се зголеми престижот на турнирот во Катар.
Претходно се дозна дека и светскиот рекет број 1, Јаник Синер ќе настапи во Доха.
Турнирот ќе почна на 17 февруари.