Спорт

Ѓоковиќ има тежок пат до финалето на Индијан Велс 

Утре почнува првиот Мастерс оваа сезона, Индијан Велс, а ноќеска беше извршена ждрепката за овој турнир на кој ќе настапи и Новак Ѓоковиќ.

Новак Ѓоковиќ натпреварите ги почнува од второто коло, а на стартот ќе се сретне најверојатно со Ник Кирјос.

Во третото коло би можел да игра со Серундоло, па со Де Минор кој од лани игра во одлична форма. Во четвртфиналето ако нема изненадувања би играл против Алкараз.

Ако го мине Шпанецот, во полуфиналето можни противници му се Рубљов, Фриц и Шелтон, од другата страна на ждрепката се Зверев, Руд, Циципас и Медведев.

Ѓоковиќ е петкратен освојувач на турнирот во Индијан Велс, а лани беше елиминиран во третото коло од Лука Нарди.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons