Чупиќ: Во вакви натпревари малите детали прават разлика
Вардар не успеа да го победи Нант, црвено-црните во крајно драматичен меч загубија со 32-33, навивачите разочарани го напуштија храмот „Јане Сандански“.
Тренерот на Вардар, Иван Чупиќ вели дека деталите го одлучиле победникот.
„Нант беше посреќен од нас. Имавме свои шанси, но не ги искористивме. Во вакви натпревари малите детали прават разлика“, изјави Чупиќ по средбата.
Хрватскиот стратег посебно се осврна на атмосферата во салата и поддршката која Вардар ја доби од своите навивачи. По пет години пауза, „црвено-црните“ повторно одиграа домашен натпревар во најелитното европско натпреварување.
„Морам да им се заблагодарам на овие наши луди навивачи. Нè поддржуваа во текот на целиот натпревар и ни дадоа дополнителна енергија. Ова е нешто што мора да го цениме“, порача Чупиќ.



