МакедонијаНајново

Четири случаи на семејно насилство за едно деноноќие: три лица приведени, меѓу нив и насилство врз бебе

Министерството за внатрешни работи информира дека во изминатото деноноќие се регистрирани четири случаи на семејно насилство, при што три лица се лишени од слобода.

Во Охрид, околу 01.30 часот, полициски службеници од СВР Охрид го привеле 55-годишниот Б.Д. од Велес, кој престојувал во градот. Според пријавата од неговата 21-годишна невенчана сопруга, тој физички ја нападнал во домот, при што било удрено и нивното бебе. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Претходно, во Свети Николе, во 18.00 часот, бил приведен 50-годишен маж по пријава од неговата 55-годишна сопруга дека ја нападнал во семејниот дом. При проверките било утврдено дека лицето било под дејство на алкохол, со 1,29 промили во крвта.

Во Скопје, во 23.00 часот, полицијата го лишила од слобода 39-годишниот Р.Р., откако неговата 37-годишна сопруга пријавила физички напад, закани и оштетување на мобилен телефон.

Дополнително, 26-годишна девојка од скопско пријавила дека на 1 мај, по расправија, физички ја нападнала својата 54-годишна мајка, по што и самата била нападната од нејзиниот 24-годишен брат и мајката.

По целосно расчистување на сите случаи, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons