Четири починати лица и 72 нови случаи е последниот ковид – биланс
Во последните три дена од направени 871 тест, лабораториски се регистрирани 72 случаи на ковид-19, од кои 18 се реинфекции, информира Институтот за јавно здравје. Новите случаи на заразата се регистрирани во Скопје – 60, Куманово – 3, Битола и Велес – по 2, Прилеп, Охрид, Струмица, Струга и Ресен – по 1. Како оздравени се запишани 161 лице. Во трите денови не се пријавени починати лица, но во регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин, во периодот по 14 септември починале четири лица – од Скопје (96г, 80г и 73г) и од Кавадарци (58г).
Направени се 871 тест преку: ИЈЗ-93, ЦЈЗ Скопје-83, ЦЈЗ Битола-14, ЦЈЗ Прилеп-9, ЦЈЗ Тетово-5, ЦЈЗ Куманово-15, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–1, Институт за микробиологија–35, Жан Митрев (Филип Втори)-13, Авицена-18, Биотек-30, Систина-20, лабораторија Лаор-5, Синлаб-6, Ремедика-3, Плодност-6, Генеа-4, Никоб Лаб-31, ВФВ Медикал-5, Ели Медика Плус-3, Спектра-ММ-6, Рапид Лаб–1, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–1, Рамус-4, ГМ Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 460.
Досега во земјата се направени вкупно 2.174.086 тестирање на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 343.391, бројот на оздравени пациенти е 333.504, на починати е 9.548, а бројот на активни случаи изнесува 339, од кои 238 се во Скопје.