МакедонијаНајново

Четворица скопјани киднапирале 23-годишна девојка во Струга

Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против четворица скопјани на возраст од 18 до 35 години, осомничени дека насилно грабнале 23-годишна девојка.

„ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.А.(25), Д.К.(35), Р.К.(18) и Р.К.(21), сите од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Грабнување“ и „ Соизвршителство при грабнување“. Пријавените, делото го извршиле на улицата „Маршал Тито“ во Струга, на штета на 23 годишна девојка од Скопје. 

Откако 25-годишниот А.А. ја забележал девојката, тој подолго време ја следел и потоа насилно ја внел во патнички автомобил во што му помогнале останатите тројца пријавени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons