Македонија

ЦУК: Нема повредени, но има штети по денешното невреме! 

По невремето кое ја зафати територијата на државата, Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека веднаш ги активираше своите механизми за следење и координација.

По невремето кое ја зафати територијата на државата, Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека веднаш ги активираше своите механизми за следење и координација.

– Директорот на ЦУК Мухамет Али во текот на целиот ден ја следеше ситуацијата и беше во континуирана комуникација со сите надлежни институции со цел навремено и ефикасно справување со последиците од невремето, соопшти ЦУК.

Според ЦУК, досега на повеќе локации се евидентирани материјални штети – поплавени улици, паднати дрвја и пречки во сообраќајот. Не се пријавени повредени лица.

Известени се и надлежните служби за водовод и канализација, противпожарната служба и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), кои се во подготовка за постапување согласно своите надлежности.

ЦУК ги повикува сите граѓани да останат внимателни и да ги почитуваат препораките на надлежните служби, како и навремено да пријавуваат опасни или животозагрозувачки состојби на бројот за итни случаи 112.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons