АктуелноМагазин

Цената на златото до плафон

Екстремно високата цена на златото ја намали побарувачката за купување накит. Неџмедин Буши, кој четири децении продава и преработува злато, за Алсат вели дека продажбата на златото ја диктира економската состојба на граѓаните. Тој додава дека најголемата продажба се бележи во сезоната на свадби кога и иселениците се враќаат во татковината. Во меѓувреме, семејствата со просечни примања кај нас не можат да си дозволат таков луксуз.

„Ако зборуваме за семејства кои се строго фокусирани на нашиот пазар на труд, јасно е дека можат да купат прстен или лесен привезок, тоа е совршено затоа што се знаат платите кај нас додека цената на златото е на плафон, тоа е тешко. Порано имаше заеми еден од друг, сега единствено место за задолжување е банката, а златото со кредит не се продава, па мораме да се откажеме од накитот. Но, има замени, има бижутерија, има сребро и невестата повторно ќе се накити, сепак, за злато, треба малку повеќе“, рече Неџмедин Буши, златар.

Граѓаните велат дека украсите станале луксуз, едвај ги покриваат основните услови за живот.

„Прво треба да имаме леб за јадење, потоа облека, а потоа живот и златото е на последно место. Накит има многу а кога оди дома нема каде да влезе. Ова за мене е голема глупост“, рече граѓанин.

И покрај високата цена на златото, дел од граѓаните велат дека никогаш нема да се откажат од накитот.

Еден грам злато моментално се продава за 72 евра. Златарите велат дека не очекуваат намалување на цената, напротив не се исклучува можноста таа да поскапи./Алсат.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons