Македонија

Целото раководство и сите членови на Управниот одбор на М-НАВ ќе бидат разрешени

Како дел од решенијата Владата на седницата ќе предложи и отворање на итна постапка за избор на нови членови на раководство и Управниот одбор во јавен, транспарентен и законски пропишан процес.

Состојбите во М-НАВ Владата одлучи да ги реши со разрешување на целото раководство на М-НАВ и сите членови на Управниот одбор.

Ова вечерва го соопштија од Владата од каде информираа дека ваквото решение ќе биде предложено и донесено на седницата закажана во вторник, а на иницијатива на премиерот, Димитар Ковачевски, во консултација со министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Како дел од решенијата Владата на седницата ќе предложи и отворање на итна постапка за избор на нови членови на раководство и Управниот одбор во јавен, транспарентен и законски пропишан процес.

-Воедно, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Ковачевски ќе го повика Јавното обвинителство, ДКСК, Државниот завод за ревизија, Финансиската полиција и меѓународните тела за контрола на авио- сообраќај да направат целосна ревизија на досегашното работење на М-НАВ. Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Ковачевски и Владата во своето работење се водат од врвниот интерес за безбедноста на македонското небо и функционирањето на патничкиот и воениот авио- сообраќај, информираат од Владата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons