МагазинНајново

ФОТО: Паѓа снег во Скопје, врнежи се очекуваат и во наредните денови

Во Скопје утрово паѓа снег. Според прогнозата во главниот град денеска повремено ќе има врнежи од снег, а температурата се очекува да достигне до 6 степени.

Снег паѓа и во останатите делови од земјава.

Висината на снежната покривка утрово во 7 часот била 29 сантиметри на Попова Шапка, 7 во Маврови Анови и 1 во Крива Паланка.

Утрово најстудено било во Маврови Анови каде што се измерени -3 степени, -2 било на Попова Шапка, -1 во Крива Паланка, 1 во Крушево, Виница и Тетово, 2 во Скопје-Зајчев Рид, Штип, Берово Охрид, Битола, Велес и Претор, 3 во Кавадарци и Прилеп, 4 во Демир Капија и Струмица, 5 во Скопје-Петровец, 6 Гевгелија.

Во наредните денови се очекува облачно време со повремени врнежи, на планините и на некои повисоки места од снег, а во пониските од дожд и услови врнежите повремено да преминуваат во снег. 

Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од вторник облачноста ќе се намалува, а од среда времето ќе биде претежно сончево со ниски утрински температури.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons