(ФОТО) Малиот гениј Македон освои златен медал на Германската математичка олимпијада со максимален број на бодови
Македонското чудо од дете уште еднаш ја воодушеви јавноста со својот извонреден успех на меѓународната сцена. Мaлиот гениј, Македон Димитровски освои златен медал на Германската математичка олимпијада, натпревар на кој учествуваат најдобрите млади математичари од повеќе земји.
Со овој извонреден резултат, малиот Македон се квалификуваше за супер финалето, кое ќе се одржи во мај месец во Франкфурт.

„Македон постигна исклучителен успех освојувајќи златен медал на Германската математичка олимпијада успехот е уште поголем заради тоа што е обезбеден со максимален број на бодови. Со овој резултат тој обезбеди пласман на суперфиналето во Франкфурт, кое ќе се одржи во мај 2026. Овој успех е доказ за неговата посветеност, знаење и талент. Добивме најубав поклон за Нова година ти благодарамe“, гласеше објавата на Фејсбук на таткото на Македон, кој ја сподели радоста.

Успехот претставува големо признание за неговиот исклучителен талент, посветеност и љубов кон математиката, но и значајна промоција на Македонија на светската образовна мапа.
Постигнатиот резултат е доказ дека и од нашата земја доаѓаат млади умови кои рамноправно се натпреваруваат со светската елита.
Овој успех влева надеж и инспирација за многу млади ученици, покажувајќи дека со труд, знаење и упорност, границите не постојат.



