ФОТО: Ким Кардашијан го урна интернетот со оваа фотографија
Американската старлета Ким Кардашијанобјави фотографија од 1994 година на која има само 14 години позира на балкон во костим за капење на егзотична локација.
Контроверзната Ким Кардашијан често го привлекува вниманието и на медиумите и на јавноста, а овој пат се фокусираше на фотографија од нејзината младост која во најмала рака ги шокираше сите нејзини фанови, но и пошироко.
Имено, на својот инстаграм-профил Ким објави фотографија од 1994 година на која има само 14 години. Без никакви процедури и зафати на естетската хирургија, тинејџерката Ким едноставно изгледа прекрасно, а многумина во коментарите истакнаа дека неверојатно личи на нејзиниот татко.View this post on Instagram
A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)
„Убава“, „Тука е невозможно да имаш 14 години“, „Личиш на татко ти“, „Неверојатна си“, „Изгледаш совршено, не сакам ни да се сеќавам како изгледав на 14 години“, се само дел од коментарите под објавата.
Да потсетиме, Ким Кардашијан често е мета на озборувања и поради изгледот и поради однесувањето или некои нејзини изјави. Таа со оваа фотографија сакаше на сите да им докаже дека има природна убавина бидејќи многумина ја критикуваат за естетските зафати на кои се подложила пред години.View this post on Instagram
A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)