Формула 1 се враќа во Африка по повеќе од 30 години
Формула 1 ќе се врати на африканскиот континент по повеќе од три децении. Руанда потпиша десетгодишен договор со раководството на шампионатот, а Гран При Африка треба да биде на календарот на почетокот на 2030-тите, објави Формула 1.
Последната трка на Формула 1 во Африка се одржа во 1993 година, кога Гран При Јужна Африка се одржа на патеката Кјалами.
Според претходен извештај на порталот RacingNews365, комплексот ќе биде сместен на околу 40 километри од Кигали, во близина на меѓународниот аеродром Бугесера, а проектот е создаден од компанијата WurzDesign.
Компанијата е во сопственост на поранешниот возач на Формула 1, Александар Вурц. Француската агенција AFP минатата недела, повикувајќи се на извор близок до ФИА, објави дека проектот е поддржан од Катар.



