Фон дер Лаен: ЕУ им понуди на САД целосно ослободување од царините за индустриски стоки
Европската унија (ЕУ) им понуди на САД целосно и реципрочно ослободување од царините за индустриски производи, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен во обид да се избегне трговска војна.
„Предложивме нула царини за индустриските производи. Европа е секогаш подготвена да склучи добар договор со САД“, изјави Урсула фон дер Лаен на прес-конференција.
Претседателот на Европската комисија додаде дека ЕУ е подготвена да „одговори со контрамерки и да ги брани своите интереси“ соочена со трговската офанзива на американскиот претседател Доналд Трамп.
Трамп, кој воведе царински мерки за речиси сите земји во светот, постави царина од 20 отсто за ЕУ.