НајновоСпорт

ФК Вардар доби нов унгарски сопственик!

Фудбалскиот клуб Вардар во иднина ќе биде менаџиран од нов сопственик, односно Унгарецот Атила Жалили, кој според „црвено-црните“ откупил 85 проценти од акциите на клубот.

Информацијата е споделена од ФК Вардар на социјалните мрежи и засега не се објавени повеќе детали, односно е познато само името на лицето кое треба да раководи со клубот.

– Од 07.10.2024-та, по предходно потпишан договор,заверен со нотарски акт UZP 6630/2024, од страна на новиот сопственик Атила Бижен Жалили превземени се 85% од акциите на АД ФК Вардар-Скопје, а со тоа и управувачкиот пакет на друштвото.
Следи финансиска, организациона и резултатска консолидација на ФК Вардар, – стои во краткото клупско соопштение.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons