Спорт

ФИФА сака Светско првенство со 64 репрезентации 

Светската куќа на фудбалот (ФИФА), размислува ново проширување на Мундијалот, има шанса Светското првенство во 2030 година да биде со дури 64 репрезентации.

Според изворите на „Оле“, ФИФА ќе го подржи предлогот на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) бројот на учесниците на турнирот да се прошири на 64.

Во тој случај на Светското првенство би имало 16 групи со по четири репрезентации. Двете најдобри би се пласирале во нокаут фазата која би почнала од 1/16 финале.

Мундијалот 2030 ќе се игра во Шпанија, Португалија и Мароко, а три натпревари се предвидени за во Аргентина, Парагвај и Уругвај.

ФИФА претходно го прошири Мундијалот од 32 на 48 репрезентации. Престојното СП кое ќе се одржи во 206 ќе брои 48 селекции. Тоа ќе се игра во Мексико, САД и Канада.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons