ФЗО се враќа на стариот концепт, ќе има само еден директор
Фондот за здравствено осогурување (ФЗО) се враќа на стариот концепт и со него нема да раководат двајца директори, туку еден. Како што беше речено денеска на прес-конференција, ФЗО покрај директор ќе има и заменик-директор. Генералните директори на Фондот Сашо Клековски и Бранко Аџигогов денеска информираа дека вкупно шест наместо три обиди за биомедицинско потпомогнато оплодување (БПО) ќе бидат овомзожени на товор на ФЗО за семејствата кои се обидуваат да имаат потомство.
„Концептот на раководен орган од два директора кои се подеднакво одговорни за работењето на Фондот се напушта и се враќа концептот на директор и заменик на директорот, што постоеше до 2007 година“, истакна генералниот директор на Фондот Сашо Клековски.
Тој и генералниот директор Бранко Аџигогов претходно информираа за најновите законски решенија во однос на зголемувањето на бројот на обиди за биомедицинско потпомогнато оплодување (БПО) на товар на Фондот.
Вкупно шест наместо три обиди за биомедицинско потпомогнато оплодување (БПО) ќе бидат овомзожени на товор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) за семејствата кои се обидуваат да имаат потомство. Ова, како што соопштија денеска генералните директори на Фондот Сашо Клековски и Бранко Аџигогов е една од законските измени усвоени на 10 јули годинава во Собранието.
„Измените предвидуваат вклучување на БПО во основниот пакет на здравствени услуги, зголемување на шест наместо три обиди за БПО на товар на Фондот и усогласување на ослободувањето од партиципација“, истакна Клековски.
Дополнително, рече, Фондот го скрати времето на одлучување од три месеци на две недели.
„Фондот го дигитализираше процесот во оваа фаза кон барателите, вклучувајќи го ваучерот за БПО, но и поедностави дел од адиминистратицниот процес“, потенцира Клековски.
Новина е, информираа директорите, и тоа што се олеснува лекувањето во странство.
„Се применуваат препораките од Државниот завод за ревизија. Второстепената комисија ќе одлучува само по жалби, не повеќе и по мислење на Првостепената комсија со што се скратува процесот и обезбедеува двостепеност. Рокот за одлучување се скратува од 45 на 30 дена, а се брише и склучување договори со странски болници поради неприменливост“, нагласи Клековски.
Според ФЗО, се поголем број брачни парови и поединци се соочуваат со проблеми при зачнување, а успешноста на третманот често се зголемува со зголемениот број обиди.