Спорт

Ф1: Ред Бул го испрати Лијам Лосон во својот втор тим 

Тимот на Ред Бул го испрати возачот Лијам Лосон во својот втор тим Рејсинг Булс и на негово место го донесе Јапонецот Јуки Цунода, објавено е на официјалната веб-страница на Формула 1.

Цунода дојде од другиот тим на Ред Бул, Рејсинг Булс. Јапонскиот возач ќе биде нов тимски колега на актуелниот шампион Холанѓанецот Макс Верстапен во Ред Бул. Лосон ќе вози за тимот на Рејсинг Булс со Исак Хајар од Франција.

Лосон го замени Мексиканецот Серхио Перез во тимот на Ред Бул пред почетокот на сезоната.

Сепак, тимот на Ред Бул реши да го замени Лосон по две трки, бидејќи беа незадоволни од резултатите на возачот од Нов Зеланд на почетокот на сезоната во Ф1.

Лосон не ја заврши трката за ГН на Австралија, додека Кинеското ГП ја заврши на 12 позиција.

Следната трка во Ф1 шампионатот ќе се вози на 6 април за Големата награда на Јапонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons