Уште денес умерено топли температури, од утре пораст
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во источните делови ќе има услови за локален краткотраен дожд.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Максималните дневни температури низ државата ќе се движат од 27 до 34 степени Целзиусови.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и максимална температура до 32 степени Целзиусови.
Утре времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност и дневни температури до 36 Целзиусови степени. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.