МакедонијаНајново

Учениците од неколку одделенија се уште без учебници

Учениците во првото тромесечје нема да добијат нови книги.

Тие се очекува да пристигнат до крајот на октомври или почетокот на ноември за прво, второ, четврто и петтоодделенците. Ова го вели министерот за образование Јетон Шаќири во интервју за Радио Слободна Европа.

„Се работи за проблем кој не е само во последната година, туку во подолг период, и тоа и во основното и во средното образование. Во последната година имаме измена на концептот за основно образование, каде започнуваме со нови учебни програми.“- Јетон Шаќири, министер за образование и наука

Но, учениците кои добија книги имаат учат од парталави учебници или од скрипти. Министерот Шаќири не одговара на директно на прашањето кој е одговорен и кој ги проверува оштетените учебници.

„Ги повикувам сите и наставници и работници да достават забелешки до мојот кабинет за работата со учебниците, за да можеме заедно со Педагошката служба да ги разгледаме тие забелешки кои доаѓаат и за содржината на учебниците и за други проблеми“.-Јетон Шаќири, министер за образование и наука

Шаќири на почетокот на учебната година присуствуваше во Албанија, каде беше прмовиран буквар од кој е предвидено во иднина да учат првачињата во Албанија, Косово и Македонија. Тој буквар сè уште го нема. Канал 5 праша во Минситерството за образование дали содржината на букварот ќе биде идентична во трите државни, но одговор од МОН засега нема. Инаку учебната година започна со низа проблеми со учебниците, а уште е нејасно е дали учениците зимава ќе учат во топли училници или пак поради енергетската криза ќе мора да се вратат на он – лајн настава.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons