МагазинНајново

УХМР ги измери утринските температури – Подгответе се за магла, ветер и дожд

УХМР ги измери температурите во седум часот на територијата на Македонија. Според мерењата на синоптичарите, Берово со 2 степени утринава е најстуденото место во Македонија.

Во Скопје УХМР измери 12 степени ова утро во 7 часот.

Највисока утринска температура има во Велес каде се измерени 13 степени.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд. Претпладне, во одделни котлини ќе има услови за појава на магла.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе се засилува и ќе достигнува брзина над 50 km/h.

Минималната температура ќе се движи од 5 до 11 степени, додека максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

УХМР

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, а претпладне ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Од вторник се очекува променливо облачно и претежно стабилно време. Ќе дува слаб до умерен ветер, кој во понеделник и вторник наместа долж Повардарието повремено ќе биде засилен од северен правец. Во петок и за време на викендот се очекуваат услови за врнежи од дожд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons