МагазинНајново

Утринските температури ќе се спуштат и до -10 степени – Облекувајте се! Најавен северен ветер!

Утрото ведро и многу студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени.

Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Времето во наредниот период

Во наредните денови времето ќе биде стабилно и студено со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштат до -10 степени.

Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons