Украински гувернер: Ќе мора да се повлечеме, Русите влегоа во Северодоњецк
Украинските сили можеби ќе мораат да се повлечат од последното упориште во Луганск за да избегнат заробување, тврди гувернерот на источниот украински регион Серхи Хаидаи.
Хаидаи најави дека руските сили влегоа во Северодоњецк, клучен град во Луганск и најголемиот град во Донбас, кој сè уште е под контрола на украинските сили.
Околу 90% од градбите во Луганск се оштетени, рече Хаидаи и додаде: „Русите нема да можат да го заземат Луганск во наредните денови, што аналитичарите го предвидоа“.
„Имаме сили и ресурси да се одбраниме, но можно е да мора да се повлечеме од некои делови за да не бидеме обиколени“, рече Хаидаи.
Ако руските сили го освојат Северодоњецк, тоа ќе значи дека го контролираат целиот Луганск.