Украина се лути на Орбан кој е подготвен за гасот да плаќа во рубљи
Украина ја обвини Унгарија дека и помага на Русија. Киев ја обвини Будимпешта дека му помага на рускиот претседател Владимир Путин во војната против Украина.
Киев ги анализира изјавите на унгарските власти дека ќе го плаќа рускиот гас во рубљи.
„Будемпешта мина во нова етапа: помага Путин да ја продолжи агресијата врз Украна. Со таквиот став Унгарија го разорува единството на Европската унија“, изјави портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи Олег Николенко.
Вели дека е цинично Унгарија да се нуди како земја на руско – украински преговори. Укриана порача дека Унгарија треба да покаже единство со ЕУ, а не да ја финансира руската воена машинерија. Укриана ја обвини Унгарија дека се колеба да ги осуди убиствата на цивили во повеќе градови во Украина.
Другите европски земји одбија за рускиот гас да плаќаат во рубљи и рекоа дека нема да прифатат уцени. Досега имаше неколку сетови на санкции кон Русија.