Укината ослободителната пресуда за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски – пак ќе биде суден
Апелациониот суд Скопје во предметот за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски ги потврди доживотните казни затвор за Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев.
Тие се виновни за убиство и грабнување и се осудени на доживотен затвор.
Апелација ја укина пресудата со која Александар Ѓорчевски, таткото на Вања беше ослободен за грабнување и предметот го врати пред првостепениот суд на повторно постапување и одлучување.



