Спорт

УЕФА ѝ дозволи на Барса да игра во Мајами, шпанската влада ќе се обиде да го спречи тоа 

УЕФА синоќа дозволи лигашките мечеви Виљареал – Барселона и Комо – Милан да се играат надвор од Шпанија односно Италија, а тоа крена лавина реакции, сите се негативни.

Вистинските фудбалски фанови сметаат дека ваквиот потег ќе го наруши интегритетот на домашните лиги. Многумина сметаат дека не е фер. Барселона наместо да има тешко гостување кај Виљареал, тие ќе играат на неутрален терен во Мајами каде сигурно ќе имаат поголема поддршка од публиката.

Истото ќе биде и со Милан, наместо да одат на теренот на незгодниот Комо, тие во Перт, ќе го играат мечот пред свои фанови од Австралија.

Чудно беше соопштението на УЕФА кои рекоа дека се против играње на лигашки натпревари во странство, но даваат дозвола за овие две средби.

Од Шпанија сега стигнува информација дека владата на оваа земја проучува дали може да стави вето на играњето на Барселона во Мајами.

Високиот спортски совет побара правно мислење од Шпанската федерација во врска со овластувањата за интервенција, а голем притисок има и од Реал Мадрид кој исто така смета дека ова е закана за интегритетот на натпреварувањето.

Топката сега е во дворот на владата, можеби таа ќе се испречи пред идејата Виљареал и Барселона да играат во Мајами.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons