Убави вести за возачите! Нови цени на горивата од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 6,61 отсто во однос на одлуката од 15 јуни.
Според одлуката на РКЕ, цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 3,5 денари по литар и ќе изнесува 84 денари за литар.
Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за 4 денари и ќе се продава по цена од 86 денари за литар.
Најголемо намалување има кај дизелот и екстра лесното масло за домаќинство, чии цени се намалуваат за 7 денари по литар. Така, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе чини 80,5 денари за литар.
Цената на Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 79,5 денари за литар.
Намалување има и кај мазутот М-1 НС, чија цена се намалува за 3,932 денари за килограм и ќе изнесува 42,291 денари.
Новите цени ќе стапат во сила од ноќеска во 00:01 часот.



