Свет

Турција по првпат ќе командува со десантните сили на НАТО 

Од 1 јули 2025 до 30 јуни 2026 година, Турција по првпат ќе ја преземе командата со десантните сили во рамките на Сојузничките сили за брза реакција на НАТО (ARF), како дел од своите обврски во Алијансата, соопшти турското Министерство за одбрана.

Десантните сили на НАТО и нивниот турски еквивалент ќе учествуваат заедно во воената вежба „Dynamic Mariner/Flotex-25“, која ќе се одржи од 24 март до 4 април, соопшти Министерството.

Сојузничките сили за брза реакција на НАТО се високомобилни стратешки сили со капацитет за брзо распоредување и обезбедување одбранбена поддршка во различни сценарија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons