Туристичко угостителскиот сектор се соочува со недостиг на кадар
Дефицитот на кадар и понатаму е еден од најголемите прблеми со кои се соочува туристичкиот сектор. Уште од сега хотелите бараат келнери, шанкери, помошници кувари за сезоната која претстои а која според најавите ќе биде една од најдобрите по број на гостувања.
Последниве години велат се потешко е да се најдат и сезонски работници. Од стручното образование информираат дека интерес за професионално изчување на угостителската гранка има но по завршувањето, младата работна сила бега надвор од државата.
Недостиг на работници има и во другите сектори.Платите според нив не се проблемот.
Одливот на квалификувани кадри има сериозни последици за развојот на државава. Причините за истиот лежат во политичката нестабилност, корупцијата и ниската економска мобилност, кои создаваат бесперспективност меѓу младите.