Тројца починати мажи вчера биле пронајдени во Скопје
Во Скопје во еден ден се пронајдени три тела на починати мажи, а Обвинителството засега не дава информации за причините на смртта.
Вчера во 08.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во село Кучково, скопско под патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки бил пронајден починат Ц.Р.(67) од скопското село Волково.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Попладнето, пак, во СВР Скопје е пријавено дека во соба во хотел на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден починат С.Е.(63) од Турција со престој во државата.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство
Вечерта во 20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Центар бил пронајден починат Б.О.(69).



