Три хороскопски знаци ќе имаат среќа од денеска до 4 мај: Пред нив се фантастични можности!
Според хороскопот, фантастични можности пристигнуваат за три избрани хороскопски знаци – од 30 април до 4 мај 2025 тие ќе бидат миленици на среќната судбина. Венера се враќа во огнениот знак Овен, активирајќи синџир на среќни настани, а на 2 мај нејзината конјункција со мистичниот Нептун ќе создаде идеални услови за исполнување на желбите. Универзумот буквално вика: „Опушти се и посакај!“.
А на 4 мај, Плутон започнува ретроградно движење во Водолија. Тоа е време за внатрешна трансформација, а не за препреки. Водолијата ќе ви понуди неочекувани решенија, а Плутон ќе ви помогне да ги разберете вашите вистински стремежи, пишува „Сенса“.
Еден знак ќе доживее креативен триумф, друг финансиски подем, а трет ќе стекне длабоко филозофско сознание. Најважно е да му верувате на вашиот внатрешен компас, а не на пресметките. И ако животот ви понуди изненадување – смело кажете „да“!
Риби
Вашата креативност сега е на својот врв – посилна од кога било. Конјункцијата на Венера и Нептун на 2 мај ќе го осветли патот кон финансиски просперитет преку уметноста. Можно е да добиете увид во нови проекти или профитабилни понуди. Што треба да направите? Запишете ги сите свои идеи, дури и оние најлудите. Што ако скица на салфета стане ремек-дело?
Лав
Паричниот тек е насочен директно кон вас! Венера во Овен ја активира зоната на приходи, а финансии може да пристигнат од неочекувани извори. Важно е да следите што ве привлекува искрено. Вашиот ентузијазам е најсилен магнет за богатство, навистина сте миленик на среќата.
Близнаци
Подгответе се за револуција во начинот на кој го гледате светот! Ретроградниот Плутон ве поттикнува да ги преиспитате животните насоки. Можно е да се случат неочекувани настани што ќе го променат вашиот вредносен систем. Не се држете цврсто до старите планови, понекогаш најдобрата стратегија е да ги пуштите работите да се случуваат.