МакедонијаНајново

Три случаи на флурона годинава – Пациенти истовремено болни од грип и од Ковид 

Тројца пациенти во земјата заболени со флурона – двојна инфекција со грип и Ковид 19 во исто време. Станува збор за бебе од болницата во Козле, дете од Скопје и 40 годишен од Охрид. Случаите се регистрирани во Институтот за јавно здравје и сите се во првите две недели од јануари. Епидемиолозите велат, иако ретко, може да дојде до флурона која за прв пат се појави  на крајот на 2021 во Израел. Преку САРИ системот е потврдена  и истовремена инфекција со респираторен синцицијален вирус и аденовирус.

Инаку болничките капациенти се полни со болни  и според бројките на заразени  доминира грипот. На Клиниката за детски болести велат дека има зголемување и на прегледите и на хоспитализациите.

-Станува збор за болни деца со симптоми на грип и состојби слични на грип. Најголем дел лекувањето го завршуваат во домашни услови со препораки за користење на лекови за температура, зголемен внес на течности и секако лесна храна. Помал број на деца кај кои има компликации како пневмонија или бронхитис има потреба од болничко лекување. Кај дел од децата има потреба и од кислородна поддршка покрај другата терапија, вели доц. Д-р Валентина Цвејоска Чолаковска, директор на Клиника за детски болести

Повеќе од 60 хоспитализирани деца има и во Клиниката Козле а се полнат и болничките соби на Инфективна.

Оваа сезона од грип има 3500 случаи и 6 пациенти кои ја изгубија битката поради компликации од вирусот. Најризични се лицата со хронични заболувања и затоа Комисијата за заразни болести  препорача нивна вакцинација како и задолжително носење на маски во здравствени установи и старски домови.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons