Магазин

Три знаци од Зодијакот кои кога-тогаш ќе го ископаат својот ќуп со злато: Судено им е да се збогатат и секогаш да имаат пари 

Парите буквално ќе им се лепат.

Астролозите велат дека некои луѓе се родени под среќна ѕвезда и по раѓање се „осудени“ на голем успех, пари и популарност.

Лав

Лавот е единствениот хороскопски знак со кој владее Сонцето. Нормално, родените во овој знак сакаат да бидат во центарот на вниманието и да заземаат важна позиција. Овој страстен и самоуверен знак ја претставува неоткриената ѕвезда на Зодијакот. Кога ќе види раскош, можност да создаде драма и за него да се зборува, Лавот не ја пропушта.

Бидејќи Сонцето е планета на самоизразување, Лавовите се многу креативни по природа и уживаат да го покажат својот талент. Светот на познатите е полн со Лавови, меѓу кои Мадона, Џенифер Лопез, Деми Ловато. Без разлика на професијата што ќе ја избере, Лавот е направен да биде забележан и познат.

Вага

Вагата е воздушен знак со кој владее Венера, романтичната планета на уметноста и убавината. Вагата е позната како најшармантната од сите знаци и како многу општествена личност. Таа многу лесно се поврзува со луѓето и пред се со вистинските луѓе, кои можат да и овозможат да си постави пат до славата.

Благодарение на луксузната Венера, која ги надгледува постапките на Вагата, таа секогаш изгледа естетски многу попривлечна од другите, лесно се издвојува од толпата. Не е чудно што некои од најубавите жени на светот својата убавина ја должат на фактот што се родени во знакот Вага. Бела Хадид и Гвен Стефани се само неколку од нив.

Стрелец

Стрелец е огнен знак со кој владее Јупитер и ја претставува планетата на среќата и изобилството. Бидејќи Стрелецот е благословен од Јупитер, среќата е секогаш на страната на Стрелецот кој сака да ризикува. Стрелец кој го водат страстите и незапирливата жед за авантура многу лесно може да си обезбеди место на листата на познати личности без воопшто да размислува за тоа.

Тој едноставно живее онака како што само знае – бунтовен, смел и бестрашен, а на луѓето тоа им е фасцинантно и вредно за споменување. Кристина Агилера, Бритни Спирс и Мајли Сајрус се само некои од познатите Стрелци.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons