Магазин

Три вида на овошја за кои треба да внимавате

Повеќето овошја се полни со витамини, минерали и растителни влакна, постојат некои видови кои би требало да ги избегнуваат во следниве сличаи.

Овошјето често се препорачува како прв избор кога станува збор за здрава исхрана, особено во бременоста. Повеќето овошја се полни со витамини, минерали и растителни влакна, постојат некои видови кои трудниците би требало да ги избегнуваат.

Во продолжение дознајте кое овошје се смета за забрането за време на бременоста и како безбедно да уживате во неговите придобивки додека чекате да се породите.

Папаја

Папајата често се наоѓа на врвот на листата со забрането овошје во бременоста. Причината за тоа е присуството на латекс во незрелите или полузрелите плодови. Латексот може да предизвика предвремени контракции на матката, што е особено ризично во раната бременост.

Од друга страна, зрелата папаја е богата со витамини и железо, па ако е целосно зрела и се консумира во умерени количини, може да биде безбедна. Сепак, незрелата папаја мора да се избегнува.

Ананас

Ананасот содржи бромелаин. Станува збор за ензим кој може да го омекне грлото на матката и потенцијално да предизвика предвремено породување. Затоа ананасот често се вбројува меѓу забранетите овошја за трудници, особено во првото тримесечје. Покрај тоа, ананасот може да предизвика дијареја, што дополнително го исцрпува телото на трудницата.

Ако навистина не можете да му одолеете, ограничете ја количината на многу мали порции и избегнувајте редовна консумација.

Грозје

Иако грозјето е богато со антиоксиданси, препорачливо е да се внимава со неговото консумирање во последното тримесечје од бременоста. Грозјето може да предизвика зголемено создавање на топлина во телото, што не е идеално за трудници.

Ако се јаде во поголеми количини, особено секојдневно, може да предизвика непријатност и можни компликации, па затоа и тоа често се смета за овошје кое треба да се избегнува во бременоста.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons