Трето злато за Македонија на математичка олимпијада во Австралија
Алексиј Тасиќ, од ПСУ „Јахја Кемал‟ – Скопје освои златен медал на 66-та Меѓународна математичка олимпијада (ИМО2025) одржана во Квинсленд, Австралија.
Ова не е само прво злато за Алексиј на овој престижен светски настан, туку и историски момент за Македонија – само третото злато што ја освои земјата на ИМО. Победата на Алексиј е резултат на години посветеност, талент и страст за извонредност – негувана преку образованието и е примен на престижниот унивезитет St John’s College, University of Oxford, велат од ПСУ „Јахја Кемал“.
„Им честитаме на сите македонски учесници и им се заблагодаруваме на менторите, професорите, на Сојузот на математичари на Македонија за нивната неверојатна работа а посебно до родителите за нивната контиунирана подршка и труд. Алексиј, ти го направи ПСУ ‘Јахја Кемал’ и целата нација неверојатно горди“, соопшти гимназијата.