Спорт

Тренер роден во Струмица е нов селектор на Србија

Србија го одбра новиот селектор на фудбалската репрезентација, тоа е Вељко Пауновиќ кој до неодамна беше тренер на Овиедо во најдобрата шпанска лига.

Тренерот кој направи огромен успех за Овиедо внесувајќи го во Ла Лига, брзо доби отказ откако почна да игра во најсилната лига, според многумина неправедно.

Србија го искористи моментот дека Пауновиќ е слободен и одлучи да го ангажира за следен селектор.

„Шансите за пласман сè уште постојат, а токму затоа Вељко Пауновиќ прифати да ја преземе репрезентацијата со целосна посветеност“, изјави генералниот секретар на ФСС, Бранко Радујко.

Само неколку недели пред официјалното именување, Пауновиќ гостуваше во подкастот на шпанскиот весник Марка, каде одбил да коментира можност за преземање на селекторската функција.

„Многу ги сакам овие момци и секогаш сум навивач. Искрено, непријатно ми е кога се зборува за нов селектор во момент кога претходниот си заминува. Имам голема почит кон оваа професија и ме боли кога не ја цениме доволно. Единствено што можам е да им посакам успех и пласман на Светското првенство“, изјави тогаш Пауновиќ.

Пауновиќ се враќа на клупата на националниот тим точно една деценија откако со младинската репрезентација на Србија го освои Светското првенство за играчи до 20 години на Нов Зеланд. Во својата кариера, 47-годишниот стратег има искуство и на клупско ниво, водејќи ги Рединг, Чикаго Фајер, Чивас, Тигрес и Овиедо.

Интересно, Вељко Пауновиќ е роден во Македонија, поточно во Струмица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons