Свет

Трамп: Четврток е соодветен рок за Украина да го прифати мировниот договор

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека верува дека четврток, 27 ноември, е соодветен рок Украина да го прифати мировниот предлог поддржан од САД за завршување на војната со Русија.

„Имав многу рокови, но ако работите добро функционираат, обично роковите се продолжуваат. Но мислиме дека четврток е соодветно време”, изјави Трамп во интервју за радио-станицата Фокс њуз.

Како што порано денес објави Ројтерс, повикувајќи се на две лица запознаени со ситуацијата, Соединетите Американски Држави се закануваат дека ќе ја прекинат размената на разузнавачки податоци и испораката на оружје на Украина ако таа не се согласи на рамка за мировен договор посредуван од САД.

Извори велат дека Киев е под поголем притисок од Вашингтон отколку за време на сите претходни мировни преговори и дека САД сакаат Украина да потпише рамковен договор до следниот четврток.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќањето до нацијата претходно денес изјави дека Киев е под еден од најтешките притисоци и се соочува со ризик од губење на клучен партнер или достоинство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons